Свет
Израелски град ги „брише” жените од погледот на јавноста
Ултраортодоксна општина источно од Тел Авив избришала политичарка од една рекламна кампања, што не е прв случај, а некои луѓе велат дека оваа практика има за цел целосно да ги „избрише израелските жени”, пренесува РТ.
Ликот на Ципи Ливни, лидер во либералната опозициска партија Хатнуа, бил отстранет од еден билборд во густо населената општина Бнеи Брак, но нејзините машки сопартијци остануваат на билбордот. Ливни објави видео со критики и изрази загриженост на „Твите“р, снимена како стои пред билбордот во саботата.
„Знаете, не сакаат да го отстранат мојот лик туку лицата на сите вас жени во Израел, на повеќе од 50 отсто од населението”, вели Ципи обраќајќи ѝ се на својата публика.
Локална израелска новинска агенција извести за ситуацијата минатиот четврток, истакнувајќи дека и друга реклама била селективно „уредена“ за да се отстрани членката на Кнесет, Тамар Зандберг.
Општинските власти одбија да го коментираат случувањето, но во минатото тие јасно ја објавија својата позиција. Цензурата не е ограничена само на жените во политиката … таа не е ограничена ниту само на жените од човечкиот род. Минатата година градот отстранил слика од Штрумфета од билборд поради страв дека анимираното сино суштество ќе ги поттикне чувствата на жителите на градот.
Шошана Китс-Јаскол, коосновач на групата „Чохмат Нашим“, која се бори против екстремизмот и исклучувањето на жените од израелското општество, ја нарече политиката на општината срамна, додавајќи на својот профил на „Твитер“ дека екстремистичкиот тренд е обид за бришење на жените.
Таа, исто така, тврди дека градот не дозволи ставење билборд за подигање на свеста за ракот на дојката наводно поради нивниот став дека здравјето на жените не е нешто што треба да се дискутира во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.