Свет
Израел: Електронска алка за оние што се во карантин поради коронавирусот
Израелскиот парламент го усвои законот со кој се бара носење електронска алка за секој што влегува во Израел и е во карантин поради коронавирусот.
Според новиот закон, луѓето што се испраќаат во карантин дома мора да носат алка за следење со цел да се обезбеди усогласеност со прописите, пренесува АП.
Ако лицето одбие, ќе мора да биде ставенo во карантин во државен хотел.
Israel to use electronic tracking bracelet to enforce quarantine measures https://t.co/gBI59Rq9aQ
— Newsweek (@Newsweek) March 17, 2021
Спорното барање беше усвоено на последното гласање во Кнесетот со четири гласа наспроти еден глас бидејќи само пет од 120-те члена на парламентот гласаа за законот.
Критичарите, вклучително и еден пратеник од опозицијата, велат дека тоа ја нарушува приватноста на поединците.
Во исто време Врховниот суд ги укина мерките со кои се ограничува влезот и излезот на израелските граѓани од земјата оценувајќи дека овие ограничувања се нелегални.
Така, регулативите со кои се ограничува бројот на луѓе што влегуваат во земјата дневно на 3.000 и се бара од невакцинираните лица да добијат одобрување од одборот за напуштање на земјата истекуваат в сабота и не може да бидат обновени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.