Свет
Израел почнува со укинување на мерките против коронавирус
Израел вакцинираше повеќе од половина од своите 9,3 милиони луѓе со двете дози на вакцина против коронавирус, соопшти Министерството за здравство во оваа земја.
Ова ѝ овозможи на земјата да почне со укинување на ограничувачките мерки во борбата против Ковид-19.
Дистрибуцијата на вакцината „Фајзер/Бионтек“ почна во земјата во декември, а популацијата над 16 години се вакцинира.
Се смета дека вакцината е целосно ефикасна една недела по примањето на втората доза.
Министерот за здравство на Израел ги повика сите граѓани да ги следат здравствените препораки за коронавирусот да не се врати.
Израел ги смета Палестинците во Источен Ерусалим за дел од својата популација и обезбеди вакцини и за нив.
Ова земја исто така им ја понуди вакцината на Палестинците кои работат во Израел и израелските населби во окупираниот Западен Брег.
Палестинските власти почнаа ограничена кампања за вакцинирање во Газа и на Западниот Брег со употреба на дози дадени од Израел, Русија, Обединетите Арапски Емирати и глобалната програма за дистрибуција на вакцини Ковакс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.