Свет
Израел напредува со плановите за речиси 2.200 доселенички домови на Западниот Брег
Израелските власти имаат напредни планови за речиси 2.200 доселенички домови на окупираниот Западен Брег, објави во средата невладината „Мир сега”. Плановите се првите такви одобренија по распишувањето предвремни избори претходно неделава.
Комитетот на Министерството за одбрана, кое е одговорен за такви проекти, во вторникот и средата ги одобри плановите кои се во различни фази од процесот на одобрување, објави „Франс прес“. Оттаму велат дека дека 1.159 станбени единици добиле конечни одобренија пред да им се издадат градежни дозволи, додека 1.032 се во порана фаза.
Десничарската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи во понеделникот да го распушти парламентот и да побара предвремени избори на 9-ти април. Нетанјаху се сретна со лидерите на доселениците претходно во средата во Ерусалим.
Израелските населби се нелегални според меѓународното право бидејќи се изградени на земјиште што Палестинците го сметаа за дел од нивната идна држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.