Свет
Израел повторно ја затвори земјата, граѓаните незадоволни
Израел е меѓу земјите со најголем број заразени со коронавирус. Владата затоа воведе нов локдаун. Таа одлука наиде на отпор кај населението, пишува „Дојче веле“.
Земјата беше во локдаун и за време на Пасха, еврејски празник во април, кога изостанаа сите видови прослави. Израелската влада сега одлучи по вторпат да забрани движење – само неколку часа пред почетокот на еврејската Нова година.
Одлуката за повторно воведување забрана за движење ја дели нацијата. Според новите правила, на Израелците им е дозволено да се оддалечат максимум еден километар од своите домови. Долг список на ограничувања и исклучоци беше објавен во четвртокот.
„Ситуацијата е апсурдна. Нема доверба во одлуката за ново затворање на земјата“, вели Анат Дример. Последното купување го извршила на пазар во Ерусалим. „Многумина се бесни и збунети во исто време. Не беше добро подготвено. Ниту минатиот пат немаше јасна стратегија да се излезе од локдаунот. И сега започнува нов циклус на ужас”.
Економијата сè уште не е закрепната.
Анат Дример е актерка и нема работа од почетокот на пандемијата. „Не знам кога повторно ќе можеме да работиме нормално и дали некој ќе се грижи за нас. Имам впечаток дека многу работи се прават само заради политички и религиозен притисок“.
Израелската економија сè уште не е закрепната од првата блокада што се случи во март и април. Премиерот Бенјамин Нетанјаху тогаш доби пофалби од сите страни за начинот на кој ја решава кризата и работи на борбата против пандемијата.
Но, од тогаш, критиките кон владата растат: веќе со месеци граѓаните протестираат секоја недела пред резиденцијата на премиерот во Ерусалим. Причината е неговата афера со корупција, но и начинот на кој владата ја решава кризата со коронавирусот.
Израел сега е меѓу земјите со најголем број заразени. Но, додека бројот на нови случаи продолжи да расте во последните неколку недели, политичарите, медицинските лица и ултраортодоксните донесувачи на одлуки само одлучија регионално да ги ограничат ноќните излегувања во градовите и градските квартови.
Нејасната насока и попустливост на владата кон разни интересни групи налути многу граѓани. Претседателот Реувен Ривлин призна дека израелското раководство ги разочарало граѓаните. „Го разбирам чувството на збунетост, несигурност и страв кај многу граѓани. Разбирам и пред сè сакам да се извинам за тоа”, рече Ривлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.