Свет
Израел ќе одобри 2.200 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег
Израелските власти планираат да одобрат изградба на 2.223 нови станбени единици за доселеници во населби само за Евреи изградени во окупираниот палестински Западен Брег, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Владата планира и да ја унапреди изградбата на 863 станбени единици во палестинските села во Областа Ц на Западниот Брег, првпат по повеќе години, во иницијатива предводена од премиерот Нафтали Бенет, кој сака да го легитимира проширувањето на населбите, објавија израелски „Канал 12“ и „Хаарец“.
„Џерусалем пост“, пак, наведува дека плановите со кои се прекинува де факто замрзнувањето на населбата се првиот значаен поттик за нови еврејски домови во Областа Ц откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари.
Во исто време, весникот наведува дека по американскиот притисок за зајакнување на Палестинската Самоуправа, која се соочува со зголемен притисок од Палестинците, можно е и давање зелено светло за изградба на палестински домови во Областа Ц. Сепак, нема утврдено датум за изградба на палестинските домови, која може да биде откажана во секое време.
На почетокот на 2020 година, организацијата за човекови права „Бимком“ посочи дека само 21 од 1.485 барања од Палестинци за градежни дозволи во Областа Ц биле одобрени од страна на израелската цивилна управа помеѓу 2016 и 2018 година.
Во исто време, Бенет, кој тогаш бил министер за одбрана, им дал инструкции на властите да го интензивираат израелскиот притисок за откажување на палестинската изградба во таа област, тврдејќи дека Областа Ц на окупираниот Западен Брег му припаѓа на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.