Свет
Индиски политичар го обвини Пакистан дека со отровен гас го загадува воздухот во Делхи
Рекордното загадување на воздухот на Њу Делхи може да биде резултат на таен хемиски напад од Пакистан, тврди индиски политичар кој рече дека неговата цврста теорија треба сериозно да се разгледа, пренесува РТ.
„Постои можност отровниот гас да се ослободи од секоја соседна земја што се плаши од нас“, рече лидерот на „Мерут БЈП“, Винет Агарвал Шарда.
Наведувајќи ги Пакистан и Кина како главни осомничени, Шарда рече дека Индија мора сериозно да размисли дали Исламабад испуштал отровни материи во воздухот во Делхи. Тој, исто така, го обвини Пакистан дека е исплашен од премиерот Нарендра Моди и кажа дека Индија никогаш не изгубила војна со својот сосед вооружен со нуклеарно оружје.
Тој исто така ги критикуваше владините претставници кои за опасните услови во животната средина ги обвинија емисиите на штетни гасови од фабриките и од земјоделството.
„Земјоделецот е ‘рбетот на нашата земја. Земјоделците и индустриите не треба да бидат обвинети“, рече лидерот на БЈП.
Индиските власти се обидоа да најдат решение за опасното ниво на загадување на воздухот во Делхи. Претходно неделава министерот за здравство, Харш Вардар, посочи дека јадењето моркови богати со витамини може да помогне во заштитата на Индијците од заболувањата поврзани со загадувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.