Свет
Индија ќе ги спроведе првите вежби за вселенско војување
Индиската армија ќе ја спроведе својата прва симулирана вежба за вселенско војување, наречена IndSpaceEx, пред крајот на неделата, објави „Тајмс оф Индиа“, цитирајќи официјални извори.
„Премиерот Нарендра Моди рече дека тестот А-Сат во март беше спроведен за да се направи Индија посилна и посигурна, како и за натамошен мир и хармонија. Во согласност со оваа визија, IndSpaceEx се спроведува за да ги идентификува клучните предизвици и недостатоци ако конфликтот ескалира во вселенска димензија”, изјави висок официјален претставник.
Водечки индиски институт за технологија исто така е ангажиран да работи на потенцијалните решенија за вакви ситуации.
„Постои потреба да се истражи ефективната тактичка, оперативна и стратешка експлоатација на последната граница на војување. Не можеме да вртиме палци додека Кина напредува. Не можеме да се мериме со Кина, но мора да имаме способности да го заштитиме нашиот вселенски простор“, вели изворот.
На 27 март Моди објави дека Индија успешно го тестирала противсателитскиот (А-Сат) проектил, соборувајќи ниско-орбитен сателит.
„Индија е вселенска сила. Тоа ќе ја направи Индија посилна, уште посигурна и ќе ги продолжи мирот и хармонијата”, истакна тој, додавајќи дека тестот не бил наменет против ниту една земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.