Свет
Индијка прогласена мртва двапати од две болници
Во она што е веќе наречено прв официјален случај во Индија на т.н. феномен на Лазар, 45-годишна жена била прогласена мртва двапати од две градски болници во период од неколку часа, пренесува РТ.
Жената страдала од хронично опструктивно белодробно заболување, воспалителна состојба на белите дробови што сериозно влијае на протокот на воздухот. Таа била примена во болница на лекување, но наводно била прогласена за мртва во владината Специјалистичка болница 16 во Чандигар и заведена како таква.
Нејзиното ужалено семејство наводно чекало во болницата околу три часа за да дојде амбулантно возило и да ги однесе нејзините останки во нивниот дом за да може да ги подготват погребните процедури за жената.
Меѓутоа, на патот кон семејниот дом нејзините вознемирени роднини виделе дека телото на жената се грчи и отишле во друга болница. За жал, по два часа обиди за реанимација, жената била прогласена за официјално почината вторпат во ургентниот центар на владиниот Медицински колеџ и болница во Чандигар.
„Во медицинска смисла ова се нарекува феномен на Лазар и досега се пријавени само 38 вакви случаи“, вели д-р Дасари Хариш, раководител на одделението за судска медицина.
Формирана е комисија за да утврди дали се случила каква било можна форма на злоупотреба во текот на целиот инцидент, но не биле откриени несоодветности.
Хариш посочува дека некои лекови за спасување што им се даваат на пациенти во кризни ситуации може да имаат подолготрајни ефекти отколку што се сметало порано и навистина може привремено да ги оживеат пациентите по официјалното прогласување за мртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.