Европа
Информации за таен состанок во Русија: „Путин е гневeн, мислеше дека лесно ќе победи“
Естонскиот европратеник Рихо Терас и поранешен началник на одбраната на Естонија, на својот профил на „Твитер“ објави дека има информации од разузнавачки кругови дека Путин наводно одржал тајна средба со руски генерали и олигарси и дека е гневен.
Според оваа објава, станува збор за доверливи информации добиени од украински офицер, за наводен состанок во седиштето на Путин во Урал.
Според тврдењата, олигарсите биле собрани таму за никој да не бега.
Еве што напиша Терас:
THREAD 1/7 Intel from a Ukrainian officer about a meeting in Putin’s lair in Urals. Oligarchs convened there so no one would flee. Putin is furious, he thought that the whole war would be easy and everything would be done in 1-4 days. @EPPGroup @general_ben @edwardlucas @politico pic.twitter.com/8AoelUDWM9
— Riho Terras (@RihoTerras) February 26, 2022
„Путин е гневен, мислеше дека ќе победи лесно и брзо.
Тој е гневен зошто мислеше дека целата војна ќе заврши брзо, за еден до четири дена и ќе победи без проблем.
Русите немаа тактички план. Војната чини милиони долари дневно. Ракети има максимум за 3 – 4 дена, ги користат умерено.
Им недостига оружје, фабриките не можат физички да ги исполнат нарачките за оружје. Пушки и муниција се најмногу што можат да обезбедат.
Ако Украина успее да ги задржи Русите 10 дена, тогаш ќе мора да преговараат. Затоа што немаат пари, оружје или ресурси, иако се рамнодушни кон санкциите.
Припадниците на Специјалните операции се во близина на Киев од 18 февруари. Целта беше да се окупира Киев и да се воспостави марионетски режим.
Подготвуваат провокации против невини цивили за да предизвикаат паника. Тоа е нивниот адут.
Целиот план на Русија се потпира на тоа цивилите и војниците да се предадат, а Зеленски да побегне.
Тие очекуваат Харков прво да се предаде и се надеваат дека и другите градови ќе го следат ваквиот пример за да избегнат крвопролевање. Русите се шокирани од жестокиот отпор на кој наидоа.
Украинците мора да избегнуваат паника. Ракетирањето служи само за заплашување“, заклучува естонскиот политичар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.