Свет
Ирак: По посетата на папата расте бројот на заразени со Ковид-19
Во Ирак се регистрирани 5.663 нови случаи на Ковид-19, известуваат светските агенции.
Тие анализираат дека во оваа земја има драстично зголемување на бројот на нозозаразени со Ковид-19 по посетата на папата.
Тоа се случи две недели по посетата на папата Фрањо, која помина со собирање на голем број луѓе без носење маска.
Иако бројот на лица заразени со коронавирус е зголемен, во земја со 40 милиони жители, во која со децении немаат лекови, лекари и болници, властите синоќа објавија олеснување на полицискиот час воведен неколку недели порано.
Со 5.663 новозаразени и 33 починати во последните 24 часа, според Министерството за здравство, вкупниот број на заразени Ирачани достигна 768.352, вклучително и 13.827 смртни случаи.
Покрај лошиот здравствен систем, Ирак доби само 50.000 дози кинеска вакцина од компанијата „Синофарм“, а тоа беше непосредно пред посетата на папата, пишуваат агенциите.
Багдад има план да купи 16 милиони дози вакцини против коронавирус, но парламентот сè уште не го усвои буџетот за 2021 година.
По повод првата посета на папата на Ирак, од 5 до 8 март, беа организирани миси во присуство на стотици луѓе кои не носеа маски, како што тоа го прават во секојдневниот живот, иако беа воведени казни, анализираат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.