Свет
Иран бара пет милијарди долари заем од ММФ поради коронавирусот
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Меѓународниот монетарен фонд ќе биде виновен за „дискриминациско однесување“ ако не му одобри заем од 5 милијарди долари на Техеран во борбата против коронавирусот.
„Барам од меѓународните организации да ги исполнат своите должности. Ние сме членка на ММФ. Не би требало да има дискриминации во давањето заеми“, рекол Рохани на состанокот на кабинетот кој се емитувал на телевизија.
Иранскиот шеф на централната банка, Абдолнасер Хемати, минатиот месец испратил барање до ММФ за одобрување заем од пет милијарди долари од иницијативата за итно финансирање, односно кризна програма која е воспоставена за помош на земјите соочени со ненадејни шокови, како природни катастрофи.
Претставникот на ММФ рекол дека е во разговори со иранските власти за барањето за финансиска помош и се обидуваат да ја разберат иранската потреба и сè што е потребно да се стори за нивното барање.
Во епидемијата на коронавирусот во Иран, земја која е најтешко погодена во Блискиот Исток, починаа речиси 4.000 луѓе, а заразени се над 62.000.
Еподемијата сериозно и` наштети на иранската економија кој веќе е ослабена од американските санкции наметнати во 2018 година, откако Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.