Свет
Иран ги тестираше балистичките проектили од среден дострел „Шабаб-3“
Иран тестираше балистички проектил со среден дострел, објави телевизискиот канал „Фокс њуз“, цитирајќи неименуван висок функционер во американската администрација.
Тестирањето на балистичката ракета „Шахаб-3″ почнало во раните утрински часови на 25 јули од јужниот дел на Иран. Откако прелетала околу 960 километри северно од Иран, ракетата слетала во пустината недалеку од Техеран.
„Знаеме за тестирањето на проектилот што почна од Иран и во овој момент немаме дополнителни коментари”, рече високиот извор во администрацијата.
Известувањето за балистичките ракети доаѓа во пресрет на неодамна затегнатите односи меѓу Техеран и Западот.
Ситуацијата се влоши на 19 јули, кога Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), елитна воена сила на Исламската република, го заплени танкерот „Стена имперо“, кој плови под британско наме, во теснецот Ормуз за кршење на меѓународните поморски регулативи.
Според ИРГЦ, танкерот бил одведен до брегот за понатамошна истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.