Свет
Иран ќе го забрза правниот процес за запленетиот британски танкер „Стена имперо“
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, вети дека ќе ги забрза правните процедури во врска со танкерот под британско знаме „Стена имперо“, кој Иран го заплени минатиот месец среде дипломатскиот спор со Лондон, пренесува РТ.
„Ќе го забрзаме правниот процес за британскиот танкер што сега е запленет откако во основа изврши поморски криминал со преземање на нашиот брод“, рече Зариф.
Неговите коментари доаѓаат една недела по состанокот со Ерик Ханел, шефот на шведската превозна фирма „Стена Булк“, која е сопственик на запленетиот танкер. Ханел побара од Техеран да го ослободи танкерот и неговиот 23-член екипаж.
Тензиите околу серија заплени на бродови почнаа на почетокот на јули, кога иранскиот танкер со нафта „Грејс 1“ беше запленет од британските командоси и полицијата на Гибралтар во близина на јужниот брег на Шпанија. Неговиот екипаж беше под истрага за наводни обиди за транспорт на нафта во Сирија и, со тоа, за кршење на санкциите на ЕУ. Танкерот на крај беше ослободен и покрај тоа што САД издадоа налог за заплена.
Инцидентот предизвика дипломатски спор меѓу Техеран и Лондон. На 19 јули Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го заплени „Стена имперо“, кој пловеше низ теснецор Ормуз со тврдење дека танкерот прекршил неколку поморски правила, вклучително и исклучувањето на неговиот ГПС и игнорирањето на повик за помош од рибарски брод со кој наводно се судрил. Танкерот е моментално прикотвен во иранското пристаниште Бандар Абас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.