Свет
Ирачките безбедносни агенции велат дека СДФ му ги предале на Багдад заробените ирачки милитанти на ИД
Арапско-курдските единици на Сириските демократски сили (СДФ) им предале нови 130 милитанти на Исламската држава (ИД) заробени во арапска република на ирачките безбедносни агенции, со што вкупниот број сега достигнува 280, пренесува „Спутник“.
Во четвртокот ирачките власти објавија дека арапско-курдските единици на СДФ предале речиси 150 барани милитанти на ИД.
„Во борбата против ИД, СДФ уапси голем број милитанти во Сирија, кои имаат државјанство на разни земји, вклучително и повеќе од 500 Ирачани. Во моментот 280 милитанти му се предадени на ирачкото Министерство за внатрешни работи. За да ги спречи да се најдат на слобода, СДФ презеде итни мерки за да ги предаде терористите на ирачките безбедносни агенции за да може да се преземат законски мерки против нив“, се вели во соопштението.
Според ирачките безбедносни агенции, втората група терористи била пренесена во Ирак во неделата, а преостанатите милитанти со ирачко потекло се очекува да бидат предадени подоцна. Имињата на милитантите се проверуваат во базите на податоци на Министерството за внатрешни работи, а нивните случаи се упатуваат на суд за кривични постапки.
Претходно во февруари СДФ, поддржани од САД, го објавија почетокот на операцијата за ослободување на селото Бахуз, кое се наоѓа на границата со Ирак и останува, според милициите, последната населба што ИД ја држи под контрола во регионот.
Единиците на СДФ се борат против остатоците од ИД неколку месеци, со поддршка на воздухопловството на меѓународната коалиција предводена од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.