Свет
Исламофобните инциденти во Велика Британија се зголемиле 600 отсто една недела по терористичкиот напад во Крајстчерч
Антимуслиманските инциденти од омраза пријавени во Обединетото Кралство се зголемени речиси 600 отсто во неделата по нападите во џамиите во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 муслимански верници од бел супремацист, пренесува РТ.
„Тел MAMA“, британска организација што ги следи исламофобните инциденти, открива дека речиси сите евидентирани случаи се поврзани со терористичкиот напад во Крајстчерч преку јазикот и симболите што се користени или дејствата што се преземени.
Тие посочуваат дека луѓе се преправаат оти вперуваат пиштол кон муслимански жени како пример за корелација со убиствата во Нов Зеланд.
Директорот на „Тел MAMA“, Иман Ата, тврди дека скокот во исламофобните случаи илустрира како некои луѓе чувствуваат постојана и упорна омраза кон муслиманите сметајќи ги нападите како ферплеј.
„Во Нов Зеланд беа убиени муслимани, а британските муслимани го чувствуваат гневот на фанатиците. Тоа е перверзно“, вели Ата.
Групата исто така откри дека наглиот пораст на инцидентите од омраза против муслиманите е бројно поголем во изминатите седум дена отколку во неделата по терористичкиот напад во Манчестер во 2017 година.
„Фејсбук“ избришал 1,5 милион објавени снимки од нападот на џамиите во Крајстчерч во 24 часа по масакрот што го изврши 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант на 15 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел
САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на Палестинците и да ги принудат да му се покорат на Израел, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Со користењето на ветото по петти пат од почетокот на ескалацијата во Газа, тие повторно го покажаа својот вистински однос кон Палестинците. Според мислењето на Вашингтон, тие не заслужуваат да имаат своја земја“, изјави Небензја.
Тој истакна дека Палестинците се само пречка на патот кон остварување на интересите на Израел.
„САД се подготвени да ги затворат очите пред злосторствата на Израел врз цивилите во Газа, да го игнорираат илегалното населување на Западен Ерусалим на Западниот Брег. Целта е да се скрши духот на Палестинците, да се натераат безусловно да се потчинат на окупаторската власт, да се претворат во слуги и луѓе од втор ред, а можеби и целосно да се искоренат и протераат од нивната родна земја“, изјави Небензја по гласањето за нацрт-резолуцијата за прием на Палестина во ОН.
Како што истакна, резултатот од гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прием на Палестина во ОН како полноправна членка покажува дека САД се речиси целосно изолирани.
„Страдањата на палестинските цивили одекнуваат во срцата и душите на милиони луѓе ширум светот. Во земјите кои доставуваат оружје за Западен Ерусалим се почесто се слушаат гласовите на оние кои се за забрана на таквите испораки. Резултатите од гласањето, кога Вашингтон се најде речиси целосно изолиран, зборуваат сами за себе“, рече рускиот дипломат.
Тој оцени дека американското вето е „неплоден обид да се запре неуморниот тек на историјата“.
„Гледајќи низ прсти на најнепромислените постапки на нашиот сојузник (Израел), немањето желба за барање праведни решенија е директен пат кон натамошно лизгање во бездната на војната што може да го зафати целиот регион“, рече Небензја.
Тој рече и дека таквата политика е недостојна за една голема сила.
„Историјата нема да ви го прости тоа. Ги повикуваме САД да го слушаат гласот на разумот и да размислат за последиците од нивните одлуки“, рече Небензја.
Свет
Потврдено: Нема штета на иранските нуклеарни постројки
Нема штета на иранските нуклеарни постројки, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“ и повика на „екстремна воздржаност“.
IAEA can confirm that there is no damage to #Iran’s nuclear sites. DG @rafaelmgrossi continues to call for extreme restraint from everybody and reiterates that nuclear facilities should never be a target in military conflicts. IAEA is monitoring the situation very closely. pic.twitter.com/4F7pAlNjWM
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) April 19, 2024
Свет
Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел
САД го ограничија патувањето за персоналот на нивната амбасада во Израел и членовите на нивните семејства „од претпазливост“ по извештаите за израелски одмазднички напад врз Иран.
Амбасадата соопшти дека на персоналот им било кажано да не патуваат надвор од поширокиот регион на Тел Авив – вклучувајќи ги Херцлија, Нетања и Дури Јехуда – и областите Ерусалим и Беер Шева до понатамошно известување.
„Безбедносната средина останува сложена и може брзо да се менува во зависност од политичката ситуација и неодамнешните настани“, се вели во соопштението објавено утрово.