Свет
Исламска држава повикува на одмазнички напади поради убиството на Ал-Багдади
Исламска држава (ИД) потврди дека нејзиниот водач Абу Бакр ал-Багдади е убиен во напад на американските сили во североисточна Сирија и го најави својот нов лидер, но и одмазда за САД.
„Одмаздете се на нивната земја и на нивните браќа неверници и отпадници, спроведете ја волјата на командантот од последната аудиопорака и приближете се кон Бога преку крвта на многубошците“, вели портпаролот на ИД во аудиоснимка што ја објави исламистичката агенција „Амак“.
Багдади во порака минатиот месец порача дека дејствијата на милитантите се вршат секојдневно и повика на ослободување на жените заробени во Сирија и Ирак поради наводни врски со ИД, пренесива хрватски „Индекс“.
Тој исто така рече дека САД и нивните сојузници биле поразени во Ирак и Авганистан и дека Американците биле „вовлечени“ во Мали и Нигер.
Багдади загина од детонација на елек со експлозив бегајќи во слеп тунел откако беше опкружен од елитна американска специјална единица во скривница во сириската провинција Идлиб. Тој при експлозијата ги убил и своите три деца.
ИД ја потврди и смртта на неговиот портпарол, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета
Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета.
Тестот за моќност на супер-големата боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се одржаа во петокот, објавија државните медиуми.
„Пробното лансирање постигна одредена цел“, објави КЦНА.
Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со околната ситуација“.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарна боева глава.
Тестовите на крстосувачки ракети не подлежат на санкции против Пјонгјанг. Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за пренесување на нуклеарни боеви глави.
Наспроти позадината на конфликтот околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје, тензиите на Корејскиот полуостров повторно значително се зголемија. Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа својата воена соработка, вклучително и заеднички маневри, како одговор на повеќекратните ракетни тестови на Пјонгјанг со нуклеарни капацитети во последните две години.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.