Свет
Исламската држава уби 11 заложници на католичкиот Божик
Терористите на Исламската држава убиле 11 заложници во Нигерија, претежно христијани, на католичкиот Божик.
Групата Исламска држава од западноафриканската провинција (ИСВАП) тврди дека ги егзекутирала затворениците за да се одмаздат за смртта на нејзините водачи Абу Бакр ал-Багдади и Абул Хасан ал-Мухаџир во Ирак и Сирија.
На снимката, објавена во средата, се прикажани 13 заложници за кои се верува дека се 10 христијани и 3 муслимани. Локалните медиуми објавија дека ИСВАП, наводно, поштедил двајца муслимани.
Нивната смрт доаѓа по објавеното видео во кое се гледа како заложниците застапувани од Христијанското здружение на Нигерија бараат преговори за нивно ослободување.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази сочувство преку неговата портпаролка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.