Свет
Исланд е најскапата земја во Европа
На Исланд најчесто е студено, но може лесно да се препотите кога ќе ја добиете вашата сметка во хотел или ресторан. Повеќето цени се многу повисоки од секоја друга земја во Европа.
На овој остров цените се во просек 56 отсто повисоки отколку во другиот дел на Европа, што ја прави Исланд најскапа земја, пред Швајцарија, Норвешка и Данска, покажуваат податоците на Евростат.
За да ги избегне непријатните изненадувања, американскиот турист Квинт Џонсон направи мало истражување пред да дојде со семејството на една недела одмор на Исланд.
„Многу бев изненаден гледајќи ги цените за обични работи како хамбургери, ореви и пиво“, изјави тој за АФП.
Погледот на менито во типичен исландски ресторан открива дека редовната пица чини околу 17,7 евра, чаша вино ќе биде најмалку 10 евра и мало пиво 6,8 евра.
„Тоа е многу повеќе отколку што очекував“, вели Џонсон.
Но, не е скапо само во рестораните. Спакувани десет јајца во продавница чинат 4,7 евра.
Исланд, каде што живеат 355.000 жители, зависи од увозот на прехранбени производи, а царините за алкохол се многу високи. Ова е една од причините за високите цени.
Големите флуктуации на исландската круна во 2016 и 2017 година доведоа до општ пораст на цените.
Минатата година просечната месечна плата изнесувала околу 4.500 евра. Според предвидувањата на централната банка, Исланд го чекаат потешки времиња. Економијата ќе стагнира оваа година, првпат по десет години.
Ова делумно се должи на колапсот на нискотарифната авиокомпанија WOW Aira на островот, што доведе до пад на туризмот. Инфлацијата исто така забрза во првиот квартал оваа година, достигнувајќи 3,1 отсто, што ја намалува куповната моќ за сите.
Просечната месечна кирија за еднособен стан во центарот на Рејкјавик е околу 1.300 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.