Свет
Исповед на Британец кој излезе од затворот во Донбас: Со мене се однесуваа како со куче
Британецот Ејден Ајслин, кој беше ослободен од Русија, рече дека со него се однесувале како со куче и дека бил задржан во самица 5 месеци.
Тој се врати во Велика Британија откако беше задржан со месеци во заробеништво од силите поддржани од Русија во Украина, јавува „Би-Би-Си“.
Говорејќи за „The Dream“, тој рече дека откако бил прободен, го прашале дали сака брза или „убава смрт“.
Ајслин вели дека затворениците морале секое утро да ја пеат руската химна.
„Ако не ја отпееш, ќе добиеш казна за тоа. Ќе те претепаат“ – рече тој.
Поранешниот затвореник во интервјуто вели дека и тој бил претепан поради неговите тетоважи.
Десет уапсени, вклучително и Ајслин, беа ослободени во средата вечерта, откако Саудиска Арабија соопшти дека посредувала за размена меѓу Русија и Украина.
Меѓу нив беа ослободени пет британски државјани – меѓу кои и Џон Хардинг, Дилан Хили, Ендрју Хил и Шон Пинер.
Ајслин беше уапсен во април годинава додека се бореше во југоисточниот украински град Мариупол.
Нему и на уште двајца затвореници им беше судено во самопрогласената Народна Република Доњецк и им беше кажано дека ќе се соочат со смртна казна.
Размислувајќи за времето кога бил прободен во грб, Ајслин рече: „Знаев дека постои голема веројатност да бидам убиен“.
Тогаш еден Русин што го чувал го прашал: „Сакаш брза или убава смрт?“
Одговарајќи дека сака брза смрт, на Ајслин му било кажано: „Ќе имаш убава смрт, а јас ќе се погрижам да биде така“.
Тој рече дека бил претепан затоа што имал тетоважа на украинскиот трозабец.
Ајслин рече дека бил чуван во ќелија наменета за две до четири лица и дека морал да спие на подлога полна со вошки.
„Не можевме да одиме правилно во тоалет бидејќи немавме ниту тоалет“ – рече тој и додаде дека морале да користат празни шишиња.
Како што рече, три недели јадел парчиња леб и вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Свет
Хамас и Исламски џихад нападнаа израелски војници во близина на болницата Ал Шифа
Израелските сили и палестинските борци денеска се судрија околу болницата Ал Шифа во Газа, каде вооружените крила на Хамас и Исламски џихад соопштија дека нападнале израелски војници и тенкови со ракети и минофрлачки оган.
Израелската војска соопшти дека продолжува да оперира околу болничкиот комплекс во градот Газа, откако упадна во него пред повеќе од една недела. Израелските сили убиле околу 200 милитанти од почетокот на операцијата притоа спречувајќи штета на цивили, пациенти, медицински тимови и медицинска опрема, соопшти армијата.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека ранетите и пациентите се сместени во административната зграда на Ал Шифа, која не е опремена за да им обезбеди соодветна медицинска нега. Пет пациенти починаа од почетокот на последниот израелски напад поради недостиг на храна, вода и медицинска нега, соопшти Министерството кое го води Хамас.
Ал Шифа, која беше најголемата болница во Газа пред војната, е една од ретките здравствени установи кои делумно продолжија да функционираат во северниот дел на Газа пред последните борби. Во него се сместени и раселените цивили.
Вооружените крила на милитантните групи Хамас и Исламски џихад во соопштението соопштија дека во заедничка операција бомбардирале со минофрлачки гранати групи израелски војници во близина на комплексот Ал Шифа“.
Исламски џихад истрела противтенковска ракета врз израелски тенк пред болницата, се вели во друга изјава. Израелската војска објави дека милитантите пукале врз нејзините сили од внатрешноста на зградата за итни случаи, како и од областа околу неа.
Израел тврди дека цели кон милитантите на Хамас кои се засолнуваат во цивилни згради, вклучувајќи станбени блокови и болници, што Хамас го негира.
Најмалку 32.552 Палестинци се убиени, а 74.980 се ранети во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти во четвртокот Министерството за здравство на крајбрежната енклава.
Се верува дека илјадници други загинале под урнатините и дека над 80 отсто од 2,3 милиони жители на Газа се раселени, а многумина се изложени на ризик од глад.
Војната избувна откако милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 253 заложници.
Светската здравствена организација соопшти дека болницата Ал Амал е затворена поради борбите, оставајќи делумно функционирање само 10 од 36-те болници во Појасот Газа.
СЗО уште еднаш бара итен прекин на нападите врз болниците во Газа и повикува на заштита на медицинскиот персонал, пациентите и цивилите, рече шефот на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус, во четвртокот на X.
Свет
(Видео) Огромна дупка во Рим проголта два автомобили
Огромна дупка се отвори на улица во југоисточен Рим и проголта два паркирани автомобили.
Дупката со дијаметар од 10 метри и длабочина од околу 10 метри се отворила во раните утрински часови, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.
Фотографиите и видеата од огромниот кратер брзо се проширија на социјалните мрежи.
MASSIVE SINKHOLE ÖFFNET SICH BEI ROM! – 28.3.2024
In der Nacht öffnete sich in Rom ein riesiges Sinkhole, das zwei Autos verschluckte. Ein drittes blieb in der Schwebe. Das Sinkhole öffnete sich in der Via Sestio Menas in Quadraro in Rom. pic.twitter.com/51aNnxhT46
— Ramses 🇨🇭 (@RS38900) March 28, 2024
Нема извештаи за жртви, а службите за итни случаи соопштија дека за време на инцидентот немало луѓе на улица. На местото на настанот пристигна локалната полиција и пожарникарите.
На фотографиите се гледаат други автомобили паркирани покрај дупката, кои морале да се отстранат.
Во поголемите италијански градови често се отвораат кратери. Кон крајот на февруари, огромна дупка во Неапол, јужна Италија, проголта неколку автомобили во прометна населба.
Дури и во Рим ваквите инциденти не се ретки. Една од причините за тоа е староста на италијанската престолнина, каде стотина години се вршат ископувања и градежни работи.