Свет
Историска катастрофа во Ново Мексико – огнот веќе еден месец голта се пред себе
Многу семејства останаа без членови, а илјадници беа евакуирани во вториот по големина пожар во историјата на Ново Мексико, кој може да се влоши овој викенд бидејќи ветерот и сушата во американската сојузна држава го отежнуваат ограничувањето на ширењето на пожарот.
Таканаречениот Hermits Peak Fire гори повеќе од еден месец, а пожарот зафатил површина поголема од градот Чикаго.
Се очекува ветерот и речиси рекордно високите температури како и ниската влажност дополнително да го поттикнат ширењето на пожарот, пренесува Телеграф.
Националната метеоролошка служба во Албакерки предупреди дека ветерот и сушата овој викенд можат само да влијаат на ширењето на катастрофалниот пожар.
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи голема катастрофа во Ново Мексико оваа недела и даде употреба на федерални ресурси, вклучително и финансиска помош за жителите на тие области.
Рестораните и продавниците во Лас Вегас, град со 13.000 жители, се затворени, а истата судбина ги снајде и училиштата.
Another view from the fire lines as fire crews work the keep the Calf Canyon Hermits Peak fire from spreading into Las Vegas @KOB4 pic.twitter.com/GlGmRScivJ
— Kai Porter (@KaiPorterKOB) May 5, 2022
Се верува дека пожарот избувнал на 6 април и делумно е поврзан со превентивниот пожар што го подметна Шумската служба на САД со цел да се намали запаливата вегетација. Но, пожарот потоа се споил со друг шумски пожар, пренесе Телеграф.
Gallinas was one of my favorite places ? #pleasehelpus #prayforNM #CalfCanyonFire #HermitsPeakFire pic.twitter.com/6qoGPisJxA
— Amberlynn (@AmberRandumb) April 30, 2022
Големите шумски пожари драстично се зголемија во последните децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.