Свет
Истражување: Антителата исчезнуваат шест месеци по примањето на втората доза „синовак“
Антителата кои се создаваат по кинеската вакцина „синовак биотек“ против Ковид-19 паднале под клучниот праг за околу шест месеци по втората доза кај повеќето од оние кои ја примиле, додека третата доза имала силно стимулирачко дејство, покажува лабораториска студија.
Кинески истражувачи ги објавија наодите од студијата заснована на примероци од крв земени од здрави возрасни лица на возраст од 18 до 59 години, пренесува „Ројтерс“.
Меѓу учесниците кои примиле две дози, во временски период од две или четири недели, само 16,9 проценти, односно 35,2 проценти, соодветно, имале неутрализирачки антитела што биле над она што истражувачите го сметаат за праг кој може да се детектира шест месеци по втората доза, се наведува во студијата.
Индонезија и Тајланд веќе се согласија да дадат вакцини од „Модерна“ или „Фајзер“, како трета доза, на некои луѓе кои биле целосно вакцинирани со „синовак“, поради загриженост за нејзината ефикасност против делта-варијантата на коронавирусот.
Турција почна да нуди трета доза „синовак“ или „фајзер“ на некои луѓе кои примиле вакцина „синовак“.
На крајот на јуни, „Синовак“ испорача повеќе од милијарда дози вакцини, кои се клучни за имунизација во Кина, Бразил, Индонезија и Чиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.