Свет
Истражување: Согорувањето фосилни горива предизвика 8,7 милиони смртни случаи во 2018 година
Загадувањето на воздухот предизвикано од согорување фосилни горива е одговорно за 8,7 милиони смртни случаи во 2018 година, што претставува дека секој петти бил смртен случај, според новата студија во соработка со Харвард и универзитетите во Бирмингем, Лестер и Лондон. Бројките се дури толку високи што го надминуваат вкупниот број на смртни случаи поради пушење цигари и маларијата, пишува „Гардијан“.
Земјите со најголема потрошувачка на фосилни горива се најлошо погодени од оваа чума. Така, тоа е причина за секоја трета смрт во Источна Азија, и на секоја десетта во САД и Европа. Стапките во Јужна Америка и Африка се значително пониски.
„На почетокот, дури и се двоумевме да ги објавиме резултатите, бидејќи бројките беа неверојатни. Тоа е како лавина. Колку повеќе копаме, толку повеќе откриваме“, вели Елоиз Мареј, географ од Универзитетскиот колеџ во Лондон и коавтор на студијата.
Научниците открија врска помеѓу загадувањето на воздухот и причините за срцеви заболувања, респираторни проблеми, па дури и губење на видот. Без емисии на согорување на јаглеводороди, просечниот животен век на светската популација би се зголемил за повеќе од една година, додека економските и здравствените трошоци би опаднале за приближно 2,9 трилиони долари, се вели во студијата.
„Воздухот во Кина се подобрува, но сепак е крајно неповолен. САД се подобруваат и покрај тоа што има жаришта на северо-исток. Ситуацијата во Европа зависи од област до област, а Индија дефинитивно е во голема неволја”, велат експертите за загадување.
Според нив, стапката на смртност што произлегува од истражувањето е можеби пониска од реалната состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.