Свет
Италијанска тинејџерка дрогирана, силувана и убиена од банда Африканци и Арапи
Шеснаесетгодишна тинејџерка во Италија била дрогирана, силувана и убиена од банда Африканци и Арапи, тврди наводен сведок, а крајно левичарските демонстранти потоа го спречиле министерот за внатрешни работи на Италија да го посети местото на злосторството за да ѝ оддаде почит на жртвата.
Телото на тинејџерката, идентификувана како Дезире Мариотини, било откриено на напуштено градилиште во областа Сан Лоренцо во главниот град на Италија на 19 октомври, пренесува „Ил џорнале“.
Инспекторите првично мислеле дека тинејџерката починала од предозирање со дрога бидејќи областа во која е пронајдено нејзиното тело е позната како дувло на бездомници и зависници од дрога и бидејќи откриле дрога во нејзиниот систем.
Новите наводи и сведочења опишуваат сосем поинакво сценарио. Полицијата сега верува дека тинејџерката била силувана од повеќе луѓе пред нејзината смрт, за што има потврда од еден мигрант од Сенегал кој тврди дека бил сведок на наводното убиство. Неименуваниот мигрант, кој пристигнал таму кратко време пред смртта на Дезире, вели:
„Пристигнав таму околу полноќ и имаше жена која врескаше. Гледав во жената, но имаше уште една девојка на креветот: ѝ ја покрија главата со ќебе, но можеше да се види. Не знам дали дишеше. Изгледаше дека веќе е мртва бидејќи другата жена врескаше дека девојката е мртва.“
„Имаше Африканци и Арапи, шест или седум луѓе. Имаше уште една девојка која зборуваше ромски. Таа врескаше дека ја силувале, а потоа зеде некаква дрога бидејќи таа таму продава дрога“, додаде тој и тврдеше дека тинејџерка била дрогирана пред силувањето.
Убиството предизвика бес низ Италија. Популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, се обиде да ја посети областа, но беше спречен од екстремно левичарските демонстранти.
„Имам бела роза во автомобилот што сакав да ја донесам да не беа овие идиоти”, рече Салвини и додаде дека следниот пат ќе се врати со булдожер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Воен авион се запали и се урна во Алјаска, загинаа две лица
Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија властите.
Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво непосредно пред падот пријавил дека авионот се запалил пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, пренесува АП.
Шефот на регионалната канцеларија на Националниот одбор за транспорт на Алјаска, Клинт Џонсон, рече дека пилотот остварил радио контакт веднаш по полетувањето.
„Тие се обидуваа да се вратат на меѓународниот аеродром Фербенкс кога изгубија контакт“, рече тој.
Авионот полетал од Фербенкс и се урнал на околу 11 километри јужно во реката Танана, удирајќи во стрмен рид и се лизнал од насипот до брегот на реката, изгорејќи целосно. Авионот превезувал 3.200 галони (12.100 литри) мазут за Кобук, село Инупија со помалку од 200 луѓе, сместено на околу 480 километри северозападно од Фербенкс.
Федералната управа за авијација го идентификуваше авионот како Douglas DC-54, (DC-4), воен авион користен за време на Втората светска војна.
Свет
Лукашенко: Украина наскоро ќе престане да постои ако не се согласи на преговори
Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.
Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност, пренесува Спутник.
Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.
Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.
Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.
„Западот го претвори Киев во наркоман, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.
Според него, на вооружените сили на Украина им недостига само муниција, туку и жива сила.
Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.
„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостасува работна сила. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.
Лукашенко, исто така, коментира дека Вашингтон ја интензивирал работата на проверка на подготвеноста за употреба на компонентите на нуклеарната тријада и нивната модернизација.
„Ако Русија го искористи целиот свој арсенал како одговор на акциите на Западот, ќе дојде до апокалипса“, оцени Лукашенко.
Свет
(Видео) Хамас објави снимка од заложник киднапиран пред 200 дена, му недостасува дел од раката
23-годишниот Херш Голдберг-Полин беше киднапиран на музички фестивал кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври и сега се појави на видео објавено од милитантната група. На видеото се гледа дека му недостасува подлактицата на левата рака. Сведоците претходно раскажаа како бил повреден кога се обидел да фрли граната во засолниште во кое се криеле луѓе.
Тој наводно ја користел својата кошула за да го запре крварењето, пред да биде киднапиран од Хамас. Во видеото, 23-годишникот го критикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада, велејќи дека треба да се „срамат“ што не обезбедуваат ослободување на заложниците.
Тој тврди дека Израелците убиле „околу 70 заложници“ во бомбардирањата, додека останатите живеат во „подземен пекол без вода, храна и сонце“. 23-годишното момче на видеото е облечен во црвена кошула. Видеото завршува со порака до сопствените родители, во која им порачува „останете силни“ и дека „многу ги сака“, пренесува Sky News.
Набрзо се јавија и неговите родители.
„Те сакаме, остани силен, опстани“, рекоа тие.
Џон Полин вели дека е среќен што имал шанса да го слушне гласот на својот син за прв пат по повеќе од 200 дена.
„Среќни сме што го видовме жив, но сме загрижени и за неговото здравје, како и за сите други заложници и сите оние кои страдаат во овој регион“, рече тој.
Тој ги повика земјите вклучени во мировните преговори „да бидат храбри да го искористат овој момент и да постигнат договор за секој да може повторно да се обедини со своите најблиски и да стави крај на страдањата“.