Европа
Италија во акутна фаза, прогресивно зголемување на бројот на заразени
Според неделното соопштение на Италијанскиот висок институт за здравство (ИД), епидемијата на Ковид-19 е во акутна фаза во Италија, пишува „Хафингтон пост“.
Во последните 11 недели има прогресивно зголемување на нови инфекции.
Според документот, вирусот циркулира на целата национална територија, а во 18 региони индикаторот за брзината на ширење на вирусот Рт е над 1.
До тој бро, се смета дека здравствено-епидемиолошката состојба е под контрола.
Во моментот во Италија има 4.913 жаришта на коронавирус, од кои 1.700 се нови.
Најголем број жаришта на коронавирус има во семејствата, 80 проценти.
Граѓаните се советуваат да ги почитуваат заштитните мерки што се во сила и да избегнуваат ситуации што може да поттикнат натамошно ширење на инфекцијата секогаш кога е можно.
На регионалните влади им се сугерира да ги засилат мерките засновани на процена на состојбата, вклучително и воспоставување мини карантини или локални црвени зони.
Според последната одлука на централната влада на регионот, тие не може да ги ублажат заштитните мерки што важат за целата национална територија, но може да ги заострат.
Претседателот на јужниот регион на Кампанија, Виченца де Лука, нареди прекинување на директната настава во училиштата, а од денес учениците ја следат наставата преку интернет.
Тој ја донесе одлуката по идентификувањето од сто до двесте новоинфицирани со Ковид-19 во некои училишта во Неапол.
Министерката за образование, Луција Азолина, ја оцени неговата мерка како тажна и непотребна затоа што, според официјалните податоци, процентот на заразени во училиштата е помал од 1 процент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.