Свет
Италија ги казни „Рајнер“ и „Визер“ поради политиката за превоз на багажот
Италијанскиот заштитник на конкуренцијата ги казни нискобуџетните компании „Рајнер“ и „Визер“ поради политиката за транспорт на багажот.
Ирскиот „Рајнер“ ќе мора да плати три милиони евра, а унгарскиот „Визер“ еден милион евра, пренесе „еуроњуз“.
Двата превозника им допуштаат на патниците со себе да понесат само еден мал багаж, кој ќе можат да го стават покрај нив. За поголемите торби мораат да платат.
Италијанскиот заштитник на конкуренцијата смета дека наплатата од пет до 25 евра за таков багаж значи зголемување на цената на авиокартите на нетранспарентен начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.