Свет
Италија почна на луѓе да ја тестира вакцината против коронавирусот, доброволците ќе добијат по 700 евра
Римската болница „Спаланзани“ од денеска почна на луѓе да ја тестира вакцината против коронавирусот. Производството би можело да почне напролет ако тестот се покаже успешен.
Вакцина ќе примат 90 луѓе избрани меѓу 3 илјади доброволци, кои се пријавиле за тестирање, пренесе словенечката агенција СТА.
Првиот доброволец веќе ја примил вакцината во болница специјализирана за заразни болести. Сите доброволци ќе добијат по 700 евра за вакцинацијата.
„Интелигенцијата и науката на нашата земја работат кон глобалната борба против Ковид-19“, рече италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанза, пренесува италијанската агенција „Анса“.
Вакцината е развиена во Италија од страна на компанијата „Реи тера“, со седиште во Кастелорано, во близина на Рим, во соработка со минхенската компанија „Леукокаре и универселс“ со седиште во Брисел. Според првичните истражувања, таа го стимулира развојот на антитела и активноста на клетките на имунолошкиот систем. Осум милиони евра се издвоени за развој на вакцината.
„Ако сè оди според распоредот, се надеваме дека производството ќе почне напролет. Првиот волонтер што ја прими вакцината утрово ќе биде под надзор на тим лекари четири часа, а потоа ќе се врати дома и ќе биде набљудуван 12 недели“, објасни директорот на болницата, Франческо Ваја, додавајќи дека следните двајца волонтери ќе ја примат вакцината в среда. Сите 90 ќе бидат вакцинирани во наредните 24 недели.
Втората и третата фаза на тестирање, најверојатно, ќе се спроведат во Латинска Америка, каде што вирусот се шири бргу, додаде директорот на болницата „Спаланзани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.