Свет
Казахстанскиот претседател: Покрената е антитерористичка операција
Казахстанскиот претседател Касим Џомарт Токаев тврди дека уставниот поредок во голема мерка е повторно воспоставен во оваа централноазиска држава која неделава е погодена од немири, соопшти неговиот кабинет.
Министерството за внатрешни работи на Казахстан во посебно соопштение соопшти дека 26 вооружени криминалци се убиени, а повеќе од 3.000 се приведени, додека од почетокот на протестите биле убиени 18 полицајци и припадници на Националната гарда.
„Покрената е антитерористичка операција. Силите на редот и законот работат напорно. Уставниот поредок е во голема мерка вратен во сите региони на земјата“, порача Токаев.
„Локалните власти ја контролираат ситуацијата. Но терористите продолжуваат да користат оружје и да го оштетуваат имотот на граѓаните. Затоа, антитерористичките акции треба да продолжат сè додека милитантите не бидат целосно елиминирани“, додаде тој.
Русија вчера испрати падобранци за да помогнат во задушувањето на бунтот во една од за Москва најблиските поранешни советски членки, како дел од безбедносниот блок ОДКБ предводен од Русија.
Утрово дописници на „Ројтерс“ пренесоа за вооружени оклопни возила и војници на главниот плоштад во Аламати, најголемиот град во Казахстан, каде силите пукаа врз демонстрантите еден ден претходно.
Неколку метри подалеку, дописниците на „Ројтерс“ виделе мртво тело во тешко оштетен цивилен автомобил. Во друг дел од градот, забележале ограбена продавница во која се продавала муниција и воени возила и околу 100 луѓе во униформи на друг плоштад во Аламати.
Токаев денеска ќе ѝ се обрати на нацијата, соопшти неговата администрација, и ќе им каже на луѓето во Аламати да го ограничат своето движење низ градот додека „трае потрагата по бандитите кои се кријат“.
Вакво насилство е невидено во земјата со која од советско време цврсто владее лидерот Нурсултан Назарбаев, кој продолжи да владее и покрај тоа што се повлече од претседателската функција пред три години, со Токаев како негов наследник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Прашина од Африка стигна во Грција: небото над Атина стана портокалово
Небото над Атина, главниот град на Грција, стана портокалово поради огромните облаци од прашина што пристигнаа од Африка.
Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинската прашина во атмосферата се опасни за луѓето со респираторни проблеми.
🚨#WATCH: As the Saharan dust has turnt the sky of Athens, Greece completely orange.
The Sahara dust is turning the sky into a vibrant orange across Athens, Greece. The wave of dust began yesterday and is forecasted to peak today.
pic.twitter.com/jo7fAwNIv4— R A W S G L 🌎 B A L (@RawsGlobal) April 23, 2024
На луѓето со респираторни и срцеви проблеми им се советуваше да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено.
Грчкиот метеоролог Костас Лагувардос објави на „Фејсбук“ дека Атина изгледа како колонија на Марс.
HAPPENING NOW: *Orange sky* – African dust blanketing Greece created an eerie image that made Athens look like a colony on Mars, Greek meteorologist reportedly says pic.twitter.com/qXicm92YPE
— Bruce Snyder (@realBruceSnyder) April 23, 2024
Поради пустинската прашина, намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, а грчката метеоролошка служба соопшти дека во северна и западна Грција се очекува дожд од прашина.
In Athens, the sky turned orange due to a large amount of dust brought from the Sahara Desert, pic.twitter.com/Xie3o7Ovku
— S p r i n t e r F a c t o r y (@Sprinterfactory) April 23, 2024
Свет
(Видео) Авион двапати се одби од пистата во Лос Анџелес: „Ова е најгрубото слетување што сме го снимиле“
На аеродромот во Лос Анџелес во живо е снимено неверојатно слетување на авионот на „Луфтханза“.
Имено, за време на слетувањето, авионот еднаш, а потоа и вторпат се одби од пистата и повторно полета предизвикувајќи шокирани реакции кај коментаторите во преносот од аеродромот.
„Што? Леле, леле, леле. Мислам дека ова е најгрубото слетување што некогаш сме го снимиле“.
Кога повторно се нашол во воздухот, авионот со маневрирање успеал да слета на пистата и безбедно да го заврши летот.
The moment a Lufthansa plane performed a rejected landing, or a ‘touch-and-go’, was caught on a livestream.
🎥 Airline Videos Live via YouTube pic.twitter.com/BpYSGuwMCG— Daily Mail Online (@MailOnline) April 24, 2024
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.