Свет
Казна од 150.000 австралиски долари за црквата што промовира белило како лек за короната
Австралиската регулаторна агенција ја казни подружницата на американската исцелителна црква со 150.000 американски долари за промовирање и продажба на индустриско белило како чудотворен лек против Ковид-19.
Австралиската подружница на црквата „Џенезис II“, чиј лидер Марк Гренон се залагаше за употреба на ММС (чудотворен минерален додаток) како лек за новиот коронавирус, е казнета за продажба на производи што претставуваат сериозен ризик за здравјето, соопшти австралиската Канцеларија за терапевтски производи (ТГА).
Според британскиот „Гардијан“, Гренон му пишал на Доналд Трамп неколку дена пред американскиот претседател да почне да тврди дека може да се користат средства за дезинфекција за лекување на Ковид-19.
TГA ја казни австралиската подружница на црквата за нелегално рекламирање и продажба на ММС на својата веб-страница.
Црквата тврди дека хлор диоксидот, индустриско средства за дезинфекција, кое се продава со името ММС, е чудотворен лек за Ковид-19, како и за аутизам, акни, карцином, дијабетес и други болести.
TГA објави дека е загрижена поради негативните здравствени ефекти во случај на земање ММС. Агенцијата истакна дека нема научни докази за ефективноста на ММС, кој може да предизвика гадење, повраќање, дијареја и дехидрација, што во некои случаи може да бара хоспитализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.