Свет
Како е отруен Јушченко: Жена ми ме бакна и почувствува вкус на метал
Заканите кои претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги доби од Русија, потсетуваат на случајот со последниот проевропски украински претседател Виктор Јушченко, кој пред 18 години беше отруен на деловна вечера за време на претседателската кампања.
Во септември 2004 година, за време на претседателската кампања, на Јушченко му се слоши додека беше на службено патување во Австрија и итно беше префрлен во болница во Виена. Тој страдаше од цревни проблеми, болки по целото тело, а тенот му стана сиво-жолт. По опсежно истражување, подоцна објави „Њујорк тајмс“, тестовите потврдија дека Јушченко бил отруен со диоксин, отров што содржи портокалов агенс што го користела американската војска во војната во Виетнам.
Интересно е што до денес нема одговор на прашањето кој и како го отрул Јушченко, но најосомничена била вечерата на која претседателскиот кандидат, пред да се разболи, бил со украински функционери поврзани со руската влада. Јушченко и неговото семејство веруваат дека тој бил отруен од Москва затоа што се обидел да ја приближи Украина до Европа.
„Не се сомневам дека Русија е одговорна за тој напад“. Поранешната прва дама Катарина се согласи, велејќи дека тоа не може да биде случајност.
Јушченко зборуваше подетално за настанот во интервју за Би-би-си во април 2018 година. Во разговор со новинарот ја спомена и вечерата за која се сомневале дека е отровна.
„Бев со тогашниот шеф на украинската служба за безбедност и неговиот заменик на вечера. Кога дојдов дома таа вечер и ја бакнав сопругата, а таа ми рече: ‘Твоите усни имаат вкус на метал’, се сеќава Јушченко, додавајќи дека подоцнежна истрага покажала дека отровот му бил вбризган во оризот.
Најлошото дојде неколку дена подоцна, за време на неговото патување во Австрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.