Свет
(Видео) Камион удри во автобус во Индија, има најмалку 18 загинати работници
Најмалку 18 работници во северната индиска држава Утар Прадеш загинаа кога камион влета во автобусот во кој се наоѓаа работниците.
Нивното патување од Харјан до државата Бихар во кое живеат на 1.300 километри било прекинато кога се расипал автобусот во близина на Барабанки. За време на несреќата кога камионот удрил во нив, некои од работниците сè уште биле во автобусот, а други спиеле до или под автобусот.
Ghastly overnight accident in UP’s Barabanki where 18 labourers returning from contract work in Haryana to Bihar were crushed to death under the bus they were travelling in. Bus had broken down, they were sleeping in front of it. Truck hit bus causing it to move and crush them.. pic.twitter.com/z8WzF1GzM1
— Alok Pandey (@alok_pandey) July 27, 2021
Како што изјавија од полицијата , имало премногу патници во автобусот.
Еден од полициските службеници во Барабанки рече дека патниците решиле да спијат покрај автобусот, додека возачот барал механичар кој ќе го поправи возилото.
Автобусот според полицијата најверојатно се расипал затоа што имал околу 140 патници, додека неговиот капацитет бил само за 65 патници. Ние им помагаме на семејствата, рече тој.
Додаде дека автобусот немал прозорци затоа што бил климатизиран и дека тоа ги принудило работниците да излезат на патот и да спијат таму.
Најмалку 30 лица се сериозно повредени и примени во болницата во Барабанки. Премиерот на Индија, Нарендра Моди, напиша на својот твитер-профил дека му е многу жал за оваа несреќа и им вети на семејствата на жртвите парична помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.