Свет
Канадската опозиција бара оставка од Трудо
Лидерот на најголемата опозициска партија во Канада, Ендру Шир, побара оставка од премиерот Џастин Трудо поради случајот „СНЦ-Лавалин“, пренесува „Спутник“.
„Тој веќе не може со чиста совест да продолжи да ја води оваа нација“, изјави Шир повикувајќи ја полицијата веднаш да го испита случајот.
Според „Асошиетед прес“, владата на Трудо е во дефанзива кога „Глоуб енд мејл“ на 7 февруари објави дека Трудо или неговиот персонал го притискале тогашниот министер за правда и јавен обвинител, Џоди Вилсон-Рејболд, да се обиде да избегне кривичен прогон за „СНЦ-Лавалин“ поради наводите за корупција, кои вклучуваат владини договори во Либија.
Според сведочењето на Вилсон-Рејболд во средата, таа го прашала Трудо дали политички се меша во нејзината улога како јавен обвинител и му рекла дека е против тоа.
Таа посочи дека Трудо ѝ рекол оти ако биде кривично гонет за „СНЦ-Лавалин“, ќе бидат изгубени работни места и компанијата ќе го премести своето седиште од Монтреал до Лондон. Вилсон-Рејболд исто така рече дека била под постојан притисок од членовите на владата.
Трудо и други официјални претставници негираа несоодветен притисок врз Вилсон-Рејболд, но случајот го принуди на оставка главниот приватен секретар на Трудо, Џералд Бутс, претходно овој месец, објави „Ројтерс“.
Трудо подоцна во средата тврдеше дека тој и неговиот персонал секогаш постапувале соодветно во случајот „СНЦ-Лавалин“ додавајќи дека бил загрижен за работните места во „СНЦ-Лавалин“ и за последиците врз пензионерите.
Според „Ројтерс“, неодамнешните канадски анкети покажуваат дека случајот „СНЦ-Лавалин“ почнува да влијае на либералите и Трудо пред сојузните избори во октомври.
Канадскиот инженерски гигант „СНЦ-Лавалин“ се соочува со обвинувања дека нејзините поранешни директори платиле милиони долари поткуп за да добијат договори во Либија во времето на владеењето на Моамер Гадафи, кој беше соборен во 2011 година.
Компанијата е обвинета за плаќање речиси 48 милиони американски долари на јавни службеници во Либија помеѓу 2001 и 2011 година за да влијаат на владините одлуки. Фирмата исто така е обвинета за измама и корупција поради наводна измама на разни либиски организации тешка приближно 130 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.
Свет
Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се опрости од него
Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.
Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.
Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.
View this post on Instagram
Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.
32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се опрости од него.
“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.
Свет
Хамас повика на ескалација на сите фронтови
Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Бригада ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.
Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.
Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.
„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.
Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Појасот Газа и да ја укине блокадата.
Во меѓувреме, Израел ги засили нападите низ Појасот Газа во вторникот, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.
Во соопштението за платформата X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.
Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.
Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови.