Свет
Канадските дипломати на Куба ги напаѓа таинствена болест, потврден нов случај
Канадската влада потврди нов, 14. случај, заболен од необична болест, која во последно време се шири меѓу дипломатскиот персонал во Хавана, објави Си-ен-сн.
Во владиното соопштение се наведува за уште еден заболен за што е известена јавноста дека ќе биде преполовен бројот на дипломатскиот персонал на Куба. Така, бројот на дипломати во канадската амбасада на Куба од 16 ќе се намали на 8.
„Здравјето и безбедноста на дипломатскиот персонал и нивните семејства се наш приоритет“, се наведува во соопштението.
„Канадската влада продолжува да истражува кои се потенцијалните причинители што предизвикуваат необични здравствени симптоми, кои ги искусија неколку канадски дипломати и членови на нивните семејства во Хавана. До денеска не е утврдена причината за заболување“.
Кубанската амбасадорка во Канада, Џосефина Видал, ја критикувала одлуката за намалување на бројот на дипломатски персонал и рекла дека се работи за неразбирлив потег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.