Свет
Капуто: Сорос е вистинскиот вирус кој стои позади се
Еден од советниците во кампањата на Доналд Трамп во 2016 година, Мајкл Капуто е именуван за портпарол во Министерството за здравство на САД.
Новоименуваниот портпарол, претходните месеци ги обвинувал Џорџ Сорос и семејството Ротшилд за обид за злоупотреба, односно експлоатација на пандемијата на коронавирус со цел промовирање на свои активности, во политички и економски цели, пишува „Спутник“.
— Michael R. Caputo (@MichaelRCaputo) April 23, 2020
Капуто изминатите месеци остро ги нападна овие две семејства преку неговиот Твитер профил. Но, пред стапувањето на новата функција, Капуто избишал повеќе од 1.300 твитови.
Си-ен-ен во архивата пронашла некои негови објави. Во еден од неговите твитови, тој жестоко му одговорил на едне аналитичар, кој го фалел Сорос како се ангажирал во борбата против пандемијата.
„Се шегуваш? Политичката агенда на Сорос бара пандемија“ напиша Капуто, по што следл уште еден твит во кој објавил фотографија од Сорос, на која пишувало „Вистинскиот вирус кој стои позади се“ додавајќи мртовечка глава и надгробен крст.
За Дејвид Ротшилд напишал дека е роден елитист, чие семејство копнее за контрола, наведувајќи дека тие постојано изнесуваат лаги за претседателот Трамп.
Овој економист е познат критичар на Трамп, кој за претседателот на САД тврди дека е подготвен за убиство, само да остане на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.