Европа
Каспаров за труењето на Навални: Не навредувајте ми ја интелигенцијата, зад ова стои Путин
Познатиот шахист и дисидент Гари Каспаров не се сомнева дека самиот Путин стои зад труењето на неговиот политички опонент Алексеј Навални.
Тој синоќа објави серија твитови за тоа.
„Труењето на Алексеј Навални уште еднаш докажува дека атентатите се дел од политиката на Путин – во Русија и во странство. Не сакам да слушам никакви глупости за тоа дали Путин знаел или за одметнати елементи. Путин не го интересира како тоа изгледа, тој е заинтересиран за тоа дали методот функционира. А очигледно смета дека функционира затоа што упорно продолжува да го применува“, коментира Каспаров на „Твитер“.
Alexei Navalny’s poisoning again demonstrates that for Putin, assassination is policy—inside and outside of Russia. https://t.co/dotetp7mpf
— Garry Kasparov (@Kasparov63) August 20, 2020
„Не навредувајте ја мојата интелигенција со нагаѓања дека некој би можел да му направи нешто на Навални без одобрение од Путин. Истото важи и за убиствата на Немцов, Политковскаја и Литвиненко. Никој не би презел таков ризик врз себе. Ова е политика и тоа политика на Путин“, напиша Каспаров.
Don’t insult my intelligence by suggesting that anyone would act against Navalny without Putin’s approval. As with Nemtsov’s murder, as with Politkovskaya’s, as with Litvinenko’s. No one would take such a risk. It’s policy, and it’s Putin’s.
— Garry Kasparov (@Kasparov63) August 20, 2020
„Владеењето на теророт на Путин ќе продолжи сè додека не биде запрен. Диктаторите не застануваат сами. Но, во слободниот свет сè уште има гласови кои бараат рестарт и ангажман, што со други зборови значи препуштање, тие имаат крв на рацете. Му посакувам на мојот сонародник Навални целосно и брзо закрепнување од труењето. И апелирам до слободниот свет да се обединиме против најголемиот отров – диктатурата на Путин, наместо да се чека повторно да нападне“, заклучува Каспаров.
На Навални, кој предводеше серија протести против администрацијата на Путин, вчера му се слоши на лет од Томск кон Москва.
Поради неговата влошена состојба, авионот принудно слета во сибирскиот град Омск. Неговите соработници велат дека му бил ставен отров во чајот што тој го испил непосредно пред летот.
Here’s Navalny drinking the tea in the Tomsk airport. The same person also published a video of Navalny screaming in pain in the toilet, which I won’t link to pic.twitter.com/OaDeZTqesj
— max seddon (@maxseddon) August 20, 2020
Денеска руските доктори не дозволија опозиционерот, кој е во кома, да биде транспортиран во странство за понатамошно лекување.
Неговата портпаролка рече дека лекарите подлегнале на притисокот од руските власти, додека главниот лекар во болницата во сибиркиот град тврди дека одлуката е донесена бидејќи Навални сè уште не е во доволно добра состојба за да може да патува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.