Свет
Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН
Саудискиот новинар Џамал Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по завршувањето на првата независна истрага за неговата смрт.
Во долгоочекуваниот извештај, кој денеска е објавен, Каламард го посочува и виновникот за убиството: Саудиска Арабија, во согласност со меѓународното право, е одговорна за убиството на Кашоги, објави Си-ен-ен.
Овој истакнат новинар и колумнист во „Вашингтон пост“ беше убиен кога влезе во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. На почетокот Саудијците тврдеа дека Кашоги излегол од конзулатот и дека тој бил убиен во борба со непријателски саудиски агенти, но на крајот саудискиот државен обвинител призна дека убиството на Кашоги било испланирано.
Кашоги, кој често го критикувал саудискиот принц, избега во САД стравувајќи за својот живот во Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија продолжува да инсистира на тоа дека ниту принцот Мохамед бин Салман ниту кралот Салман не знае ништо за планираното убиство на Кашоги. Меѓутоа, американски официјални претставници тврдат дека таквата мисија, вклучувајќи и 15 саудиски агенти кои од Ријад заминале во Истанбул непосредно пред убиството, не можела да биде извршена без дозвола на принцот Бин Салман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.