Свет
Киев тврди дека зазеле над 20 км квадратни од територијата на Донбас во изминатата година
Војската на Украина окупирала 24 квадратни километри од територијата на Донбас, вклучително и три села, изјави командантот на заедничките сили, Сергеј Најев, во четвртокот, нагласувајќи дека немало прекршувања на мировниот договор од Минск, пренесува ТАСС.
„Во текот на изминатата година, благодарение на темелно координираните чекори и решителни дејства, без прекршување на договорот од Минск, заедничките сили успеаја да ја подобрат тактичката ситуација во одредени области на растојание од 2 до 5 км. Резултатот беше враќање на територија од речиси 24 квадратни километри, вклучувајќи три населби”, рече Најев.
Покрај тоа, за време на операцијата Донбас, Националната гарда и Националната полиција уапсиле 1.358 лица, меѓу кои и 415 под сомневање за учество во нелегални вооружени групи.
Според Пакетот мерки за спроведување на договорите од Минск потпишани во февруари 2015 година, страните во конфликтот во Донбас треба да ја повлечат тешката воена опрема за да се создаде безбедносна зона.
Во септември 2015 година учесниците на контакт-групата се договорија за поставување тампон-зона од 30 км и повлекување на лесното оружје на 15 км од линијата за контакт. Распоредувањето сили од која било страна во населените места лоцирани таму претставува кршење на меѓународните договори. За време на воената операција во Донбас, силите на Киев постојано прогласуваа заземање нови позиции во тампон-зоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.