Свет
Кина вакцинира десетици илјади луѓе со експериментална вакцина
Кина вакцинира десетици илјади свои граѓани со експериментална вакцина против новиот коронавирус и го привлече меѓународното внимание и покрај загриженоста на експертите за безбедноста на вакцината, која не ги помина вообичаените фази на тестирање.
Кина почна вонредна програма за развој на вакцини против вирусот САРС-КоВ-2 во јули и нуди три експериментални дози развиени од лабораторијата на државниот фармацевтски гигант „Синофарм“ и „Синовак биотек“. Четвртата вакцина, зад која стои CanSino Biologics, беше одобрена од кинеската војска за употреба уште во јуни.
Пекинг не објави податоци за примена на вакцината на целните групи во земјата, како што се медицинскиот персонал, транспортните работници и работниците што работат на пазарите за храна.
Кинеската групација „Синофарм“, која развива две вакцини, и „Синовак“ потврдија дека досега се вакцинирани најмалку десетици илјади луѓе. „Синофарм“ соопшти дека доставила стотици илјади дози бидејќи една од нивните вакцини вклучува две или три дози за некое лице да се смета за вакцинирано.
Меѓу вакцинираните се извршните директори на „Синовак“ и „Синофарм“, шефот на воениот оддел за медицински истражувања и Гуижен Ву, експертка за биосигурност во Кинескиот центар за спречување и контрола на болестите (ЦДЦ).
„Досега од вакцинираните никој не се разболе. Не забележавме несакани ефекти“, рече таа додавајќи дека барем една од вакцините ќе биде целосно подготвена за јавна употреба до ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.