Свет
Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви
Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“.
Водачите на НАТО вчера изразија загриженост за амбициите на Кина за развој на нуклеарен арсенал означувајќи го како системски предизвик за време на самитот на кој американскиот претседател, Џо Бајден, ги повика своите колеги од НАТО да се спротивстават на кинескиот авторитаризам и на растечката воена моќ.
„Амбициите и однесувањето на Кина претставуваат предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила и во области од значење за безбедноста на алијансата“, рече лидерот на НАТО.
„НАТО кажува невистини за мирниот развој на Кина, погрешно ја проценува меѓународната ситуација и укажува на менталитетот на Студената војна“, рече Кина во одговорот објавен на веб-страницата на кинеската мисија.
Се додава дека Кина е секогаш посветена на мирен развој и никому не му претставува системски предизвик, но дека нема да остане без одговор ако некој стави такви предизвици пред себе.
Групата седум најразвиени земји (Г7), кои се состанаа во Велика Британија за време на викендот, ја критикуваа Кина за нејзините човекови права во провинцијата Синџијанг, повикаа на висок степен на автономија во Хонг Конг и побараа темелна истрага за потеклото на коронавирусот во Кина.
Кинеската амбасада во Лондон објави дека решително се спротивставува на споменувањето на Синџијанг, Хонг Конг и на Тајван наведувајќи дека фактите се искривени и со тоа се откриваат злобните намери на повеќе земји, како што се САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.