Свет
Кина им забрани влез на двајца австралиски научници
Кина им забрани влез во земјата на Клајв Хамилтон и Алекс Јоски, двајца австралиски научници.
Кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори, известува дека научниците се противници на Кина.
Кинеското Министерство за надворешни работи не ја потврди забраната за влез, но наведе дека земјата има право да забрани влез на кој било странски државјанин и ја обвини Австралија за напнатост во меѓусебните односи, објави „Ројтерс“.
„Ние силно се спротивставуваме на какви било активности кои намерно ја напаѓаат Кина, ја загрозуваат националната безбедност на Кина или шират дезинформации под изговор за студии и други академски активности“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.
Врските Австралија-Кина се оптоварени со трговски спорови, австралискиот повик за меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот, кој првпат се појави во Кина кон крајот на минатата година, и обвинувања за кинеско мешање во австралиските внатрешни работи.
„Оваа забрана е сосема неочекувана, иако веќе неколку години сум на списокот на непријатели на Пекинг“, вели Хамилтон, професор по јавна етика на Универзитетот „Чарлс Старт“ во Австралија, во порака на е-пошта испратена до „Ројтерс“.
Јоски, аналитичар од австралискиот Институт за стратешка политика, на својот профил на Твитер изјави дека забраната е последна во низата обиди на кинеската Комунистичка партија да ги казни оние кои ги откриваат нејзините активности и дека тој, исто така, оценил дека ризикот од патување во Кина е преголем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.