Свет
Поради новиот вирус, Кина ја прошири изолацијата на 33 милиони луѓе
Кина ги прошири вонредните мерки за изолација на речиси 33 милиони луѓе во обид да го спречи ширењето на новиот смртоносен вирус поради кој досега починаа 26 лица и заразени се стотици.
Бариери за влез и излез досега се воведени во најмалку десет града во централниот дел на земјата – во Вухан, каде што се појави вирусот, но и во девет соседни градови, вклучувајќи ги Хуанганг, Чиби, Ксинџијанг, Ксинтао. Сите тие припаѓаат на провинцијата Хубеи, центарот на заразата.
Кинеските власти почнаа со изградба на болница за лекување пациенти заразени со новиот вирус во Вухан, со 1.000 кревети во неа. Изградбата се очекува да биде завршена до понеделник.
Блокадите и изолацијата на градовите почнаа вчера во Вухан, каде што улиците, трговските центри и рестораните, кои обично се преполни, беа морничаво тивки. Носењето маски на јавни места е задолжително.
Блокадата на другите седум града беше воведена денеска, а се преземаат мерки на претпазливост во целата земја.
Главниот град Пекинг ги откажа сите настани што би привлекле повеќе луѓе.
Бројот на нови пациенти со корона вирус се зголеми на 830, соопшти денеска државната комисија.
Повеќето од пациентите или живееле во Вухан или имале некаква врска со градот.
Пријавени се епидемии и надвор од Кина – во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Сингапур, Виетнам, САД, Јапонија и во Јужна Кореја, но повеќето од овие луѓе се од Вухан или неодамна биле во тој град.
Денес се потврдени првите смртни случаи надвор од Вухан. Еден 80-годишен маж починал во северната провинција Хебеј кога се вратил од Вухан, а провинцијата Хелонгџијанг на североистокот на земјата соопшти дека едно лице починало, без да прецизираат детали.
Оваа недела ширењето на вирусот се случи во време кога милиони Кинези патуваат поради новогодишната ноќ на Кина, која почнува в сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.