Свет
Кина предупредува дека судирот со САД ќе им штети на двете држави
Во судирот меѓу Кина и САД не би имало победник предупреди во вторникот кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во обидот да ги намали тензиите меѓу двете држави кои се зголемија по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Односите меѓу Кина и САД се влошиja изминатите две години по територијалните претензии на Пеинг во Јужнокинеското Море, а се зголемија и откако Трамп во декември го разлути Пекинг поради телефонскиот разговор со тајванската претседателска Тцаи Инг-вен, со што за Кина смета дека Вашингтон ја прекршува политиката на „една Кина“.
Пекинг тврди дека постои само една кинеска држава, иако и двете влади се нарекуваат кинески. Во меѓународните односи тоа значи дека државите кои ќе воспостават дипломатски односи со Народна Република Кина тоа не смеат да го сторат со Република Кина, попозната како Тајван, што го сторија македонските власти на крајот од 1990-те.
Освен со телефонскиот разговор, Трамп го разгневи Пекинг и со заканата дека ќе воведе царини на кинескиот увоз во САД.
И покрај тоа, Кина е доследна на мирот, истакна Ванг по средбата со австралиската министерка за внатрешни работи Џулија Бишоп.
„Не смее да има судир меѓу Кина и САД, бидејќи двете земји би загубиле и тоа не можат да си го дозволат“, истакна шефот на кинеската дипломатија пред новинарите во австралиската престолнина Канбера, пренесува Reuters.
Ванг, исто така, ги повика светските челници да ги намалат тензиите така што ќе го отфрлат протекционизмот кој го промовира Трамп низ своите економски планови под мотото „Америка на прво место“.
„Важна е цврстата доследност на отворената светска економија. Важно е и да се насочи светската глобализација кон поголема инклузивност и поширока заедничка полза на одржлив начин“, смета Ванг.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг на Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија, само неколку дена пред Трамп да ја преземе должноста, силно ја бранеше глобализацијата и порача дека Кина сака да игра поголема улога на светската сцена.
Ванг нагласи дека Кина не сака да води или да заменува кого и да е, дека нејзината сила уште сé уште е ограничена, па дека мора да биде насочена на сопствениот развој, се наведува во коментарот објавен на интернет страницата на кинеското министерство за надворешни работи.
„Мораме да останеме со студени лави околу различните коментари кои бараат Кина да ја преземе ‘водечката улога’“, предупредува Ванг.
Кина претходно ја обвини Австралија дека исто така ја презема протекционистичката политика на Трамп, поради мерките сои кои ја блокира продажбата на австралиските имоти и капитал на кинески инвеститори.
Австралиската министерка Бишоп ја повика Кина да се придржува до договорот за панпацифичка трговија TPP, од кој во јануари Трамп ги изведе САД истакнувајќи дека ги преферира билатерланите договори.
„Сакам да ја охрабри Кина да размисли за овој договор“, изјави Бишоп во врска со TTP.
Кина ги повика државите во светот да бидат поотворени за странските инвестиции, а Ванг истана дека Пеинг сака да ја поврза својата програма „Еден појас, еден пат“ со австралиските планови за развој на својот суверен регион.
Оваа програма уште во 2013 година ја најави кинескиот претседател Кси Џинпинг, како план за градење голем број инфраструктурни проекти, вклучително железници и далноводи во централна, западна и југоисточна Азија, како и во Африка и во Европа.
Австралија, пак, има амбициозни планови за развој на својата Северна територија, регион со недостиг од инфраструктура, но тие стагнираат поради изостанување на инвестициите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.
Претходно вчера, заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН, наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.
Палестинската управа (ПА) го осуди потегот, нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.
Кабинетот на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас го нарече американското вето „еклатантна агресија … туркање на регионот преку работ“.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го пофали американското вето, додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.
Свет
Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел
САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на Палестинците и да ги принудат да му се покорат на Израел, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Со користењето на ветото по петти пат од почетокот на ескалацијата во Газа, тие повторно го покажаа својот вистински однос кон Палестинците. Според мислењето на Вашингтон, тие не заслужуваат да имаат своја земја“, изјави Небензја.
Тој истакна дека Палестинците се само пречка на патот кон остварување на интересите на Израел.
„САД се подготвени да ги затворат очите пред злосторствата на Израел врз цивилите во Газа, да го игнорираат илегалното населување на Западен Ерусалим на Западниот Брег. Целта е да се скрши духот на Палестинците, да се натераат безусловно да се потчинат на окупаторската власт, да се претворат во слуги и луѓе од втор ред, а можеби и целосно да се искоренат и протераат од нивната родна земја“, изјави Небензја по гласањето за нацрт-резолуцијата за прием на Палестина во ОН.
Како што истакна, резултатот од гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прием на Палестина во ОН како полноправна членка покажува дека САД се речиси целосно изолирани.
„Страдањата на палестинските цивили одекнуваат во срцата и душите на милиони луѓе ширум светот. Во земјите кои доставуваат оружје за Западен Ерусалим се почесто се слушаат гласовите на оние кои се за забрана на таквите испораки. Резултатите од гласањето, кога Вашингтон се најде речиси целосно изолиран, зборуваат сами за себе“, рече рускиот дипломат.
Тој оцени дека американското вето е „неплоден обид да се запре неуморниот тек на историјата“.
„Гледајќи низ прсти на најнепромислените постапки на нашиот сојузник (Израел), немањето желба за барање праведни решенија е директен пат кон натамошно лизгање во бездната на војната што може да го зафати целиот регион“, рече Небензја.
Тој рече и дека таквата политика е недостојна за една голема сила.
„Историјата нема да ви го прости тоа. Ги повикуваме САД да го слушаат гласот на разумот и да размислат за последиците од нивните одлуки“, рече Небензја.
Свет
Потврдено: Нема штета на иранските нуклеарни постројки
Нема штета на иранските нуклеарни постројки, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“ и повика на „екстремна воздржаност“.
IAEA can confirm that there is no damage to #Iran’s nuclear sites. DG @rafaelmgrossi continues to call for extreme restraint from everybody and reiterates that nuclear facilities should never be a target in military conflicts. IAEA is monitoring the situation very closely. pic.twitter.com/4F7pAlNjWM
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) April 19, 2024