Свет
Кина се надева дека тензиите во Сирија ќе се решат со политички договор
Кина се надева дека тензиите, по изјавата на САД дека се подготвени да иницираат напад врз Анкара поради нејзиното дејствување во северна Сирија, може да се решат со политички договор и заеднички напори за борба против тероризмот во регионот, изјави портпаролката на кинеското МНР, Чунинг.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во понеделникот за Си-ен-би-си изјави дека Трамп е целосно подготвен да нареди воена акција на САД против Турција ако биде потребно во услови на тековната криза на Блискиот Исток. Помпео не прецизира какви активности може да предизвика американската воена реакција.
„Кина внимателно го следи развојот на ситуацијата во Сирија и Турција и веќе ја повикавме Анкара да престане со воената операција. Се надеваме дека сите страни вклучени во конфликтот ќе се соберат во своите напори за борба против тероризмот и промовирање политичко решение во Сирија со цел поддршка на мирот и стабилноста во регионот“, рече портпаролката.
Изјавата следува кога турското МНР одржа брифинг еден ден претходно за воените аташеи од 63 земји за својата тековна операција во северна Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.