Свет
Кина се надева на соработка со новата американска влада
Кинеските безбедносни кругови се надеваат дека Пекинг и Вашингтон ќе ги подобрат односите кога администрацијата на Џо Бајден ќе ја преземе должноста во Белата куќа.
За време на претседателскиот мандат на Трамп, кинеско-американските односи достигнаа најниско ниво во последните неколку децении поради голем број контроверзни прашања што опфаќаат бројни области – од трговија и технологија до Хонгконг и коронавирус, потсетува извештајот на „Ројтерс“.
Официјален Пекинг изрази очекување дека администрацијата на Бајден ќе и се приближи на Кина на половина пат, дека активно ќе се занимава со меѓусебните разијдувања и разлики и ќе се стреми кон подобрување на кинеско-американските односи.
„Искрено се надевам дека нашите односи ќе бидат значително подобри по четири години од администрацијата на Бајден во Вашингтон“, рече Фанг Кингај, потпретседател на кинеската Комисија за безбедносни регулативи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.