Свет
Кинеската вакцина е 50,7 проценти ефикасна против бразилскиот сој на Ковид-19
Вчера, во Бразил, од Ковид-19 починаа 1.803 лица, а големо истражување спроведено во таа земја покажа дека кинеската вакцина, која е главен избор во бразилската кампања за вакцинација, е 50,7 проценти ефикасна против новиот бразилски вид на коронавирусот.
Бразил, кој стана глобален епицентар на пандемијата на коронавирусот во последните неколку недели, забележа повеќе од 37.000 нови случаи, соопшти вчера Министерството за здравство.
Со повеќе од 353.000 смртни случаи, најголемата латиноамериканска земја е втора по стапка на смртност од Ковид-19 во светот веднаш по САД.
Ширењето на болеста неодамна влезе во најтешката фаза поради недостиг на државни мерки и несоодветна кампања за вакцинација.
Биомедицинскиот институт „Бутантан“ од Сао Пауло, кој ја тестира и сега ја произведува вакцината „коронавак“ од кинеската компанија „Синовак“, во неделата соопшти дека студија спроведена на 12.400 волонтери во Бразил покажала дека вакцината е 50,7 проценти ефикасна во борбата против варијантата П1 и против помалку распространетиот вид познат како П2.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој изрази сомнеж за вакцината и е критикуван за справување со пандемијата, првично изјави дека неговата влада нема да ја купи вакцината на „Синовак“. Оттогаш владата направи пресврт и се обиде да обезбеди резерви, со што кинеската вакцина е најраспространета во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.