Свет
Кинескиот амбасадор во Москва: САД да не ја префрлаат одговорноста за Авганистан на други
САД немаат право да го префрлат товарот на одговорност за ситуацијата во Авганистан врз другите земји, посочи кинескиот амбасадор во Русија, Жанг Ханхуи, на прес-конференција посветена на 100-годишнината на Кинеската комунистичка партија.
„За Авганистан дојде одлучувачки, кобен момент. Земјата повторно се соочува со сериозен избор: војна или мир. САД треба да ја преиспитаат ситуацијата таму и да преземат одговорен став кон нејзиното решавање. Американците немаат право да го префрлат товарот на одговорност врз другите земји, без да размислуваат за последиците“, рече Ханхуи.
Американскиот претседател, Џо Бајден, на 14 април ја објави одлуката за прекинување на операцијата во Авганистан, најдолгата прекуокеанска воена кампања во историјата на САД.
„Ова е она што обично го прават Американците. Ние сме против тоа САД да остават хаос во Авганистан“, додаде амбасадорот“, нагласи Ханхуи.
Според дипломатот, Кина сака ОН и Кинеската комунистичка партија да играат позначајна улога во постигнувањето договор во Авганистан.
„Го цениме придонесот на Руција за мирно решавање на авганистанското прашање и, се разбира, му даваме особено значење на придонесот на Русија за одржување на мирот и стабилноста во регионот“, истакна кинескиот дипломат.
По почетното повлекување на американските трупи, се забележува влошување на безбедносната состојба поради фактот што талибанците го засилуваат темпото на офанзива на повеќе фронтови и набргу би можеле да ја преземат контролата врз околу 85 отсто од територијата на земјата, вклучувајќи ги и областите лоцирани по должината на границата со Иран, Кина, Пакистан, Таџикистан и Туркменистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.