Свет
Кинески научник доби отказ поради ГМО-бебиња, го чека обвинение
Кинескиот научник Хе Јианкуи, кој тврди дека ги направил првите генетички модифицирани бебиња, сериозно ги прекрши државните прописи, стои во резултатите на истрагата објавена од страна на државните медиуми во понеделникот, објави „Њујорк тајмс”.
Иследниците, исто така, заклучија дека него, но и оние што му помогнале во работата, веројатно ги чека кривична пријава. Тие велат дека истражувањето го направил барајќи слава и богатство за себе. Се вели дека ја заобиколил контролата и сам собрал средства и го организирал својот тим.
A preliminary investigation into the claimed "genetically edited babies" shows that Chinese researcher He Jiankui had defied government bans and conducted the research in the pursuit of personal fame and gain https://t.co/z8CsiCxQ0D pic.twitter.com/VAa8BFBfRY
— China Xinhua News (@XHNews) January 21, 2019
Истрагата покажа дека Хе со својот тим ги сменил ембрионите и дека една жена во ноември ги родила близначките Лулу и Нана, а дека друга била бремена. Сите жени доброволно учествувале во експериментот. За време на истрагата, Хе беше под надзор на Универзитетот во Шенжен, а Универзитетот во понеделникот објави дека ги прекинуваат неговиот договор, колегиуми и истражувачки активности.
Хе со својата постапка, која многумина ја нарекуваат „играње на Бог”, покрај власта, ги разбранува научните кругови и предизвика незадоволство кај научниците, колегите истражувачи, но и теолозите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.