Свет
На клиника во Малезија, за пари, наместо вакцини, на луѓето им вшприцувале вода против Ковид-19
На една клиника во Малезија, на луѓето, наместо вакцини, за пари им вшприцувале дестилирана вода по што им дале лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19.
Приватна клиника во сојузната држава Теренгану била одговорна за вакцинирање на луѓето во рамките на националната програма за имунизација и издавање сертификати за вакцини потребни за патување, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Сепак, полицијата се сомнева дека повеќе од 1.200 лица што биле на таа клиника, всушност, не биле вакцинирани. Од 23 лица што досега ги испраша полицијата, сите признаа дека не ја примиле вакцината против Ковид-19.
„Некои од нив признаа дека зеле инјекции со дестилирана вода или солена вода објаснувајќи дека сè уште им се даваат вакцини, иако тоа не е вакцина“, рече началникот на полицијата во Рохаими.
Пациентите наводно платиле до 600 рингити (143 долари) за услугата.
Клиниката во Маранг, во државата Теренган, е само една од ретките клиники под истрага на полицијата за лажна продажба на потврди против Ковид-19.
Малезија целосно вакцинира 80 отсто од населението и сега воведува дополнителни дози, а следниот месец ќе почне да ги вакцинира и децата на возраст од пет до 12 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.