Свет
„Кока-Кола“ назначи нов претседател на групата што работи во Европа, на Блискиот Исток и во Африка
„Кока-кола“ соопшти дека Никос Коуметис е назначен за претседател на групацијата која работи во Европа, на Блискиот Исток и во Африка (ЕМЕА). Никос ќе го замени Брајан Смит.
ЕМЕА е најголема и најразновидна групација во компанијата, со шест деловни единици од 120 земји и една третина од светската популација или 2,4 милијарди луѓе.
Коуметис во моментот е на позицијата претседател на деловна единица за Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Тој на позицијата шефот на Централна и Источна Европа, која вклучува одговорност за 26 земји, од Италија до Русија, ќе биде наследен од Лана Поповиќ, кој во моментот е генерален директор на франшиза за североисточна Европа. Поповиќ претходно беше генерален директор на Балтикот и во Полска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.