Свет
Колумбиски министер: Богота е против воено мешање во Венецуела
Богота не поддржува воена вмешаност во Венецуела, изјави министерот за надворешни работи на Колумбија, Карлос Олмес Трухиљо, коментирајќи ја подготвеноста да им ја отстапи својата територија на САД во случај американската страна да одлучи да почне воена операција во Венецуела, пренесува „Спутник“.
„Колумбија ги поддружва само политичките и дипломатските мерки. Колумбија не поддржува ни примена на сила, ниту воено мешање – само политички и дипломатски мерки“, рече Трухиљо.
Тој исто така нагласи дека не се планирани нови испораки на хуманитарна помош од Колумбија за Венецуела.
„Не, не се планирани никакви нови испораки на хуманитарна помош слична на претходната. Но, се разбира, Колумбија ја промовира употребата на соодветни канали за испорака на помош“, истакна министерот.
Коментирајќи ги настаните од 23 февруари, Трухиљо рече дека определени земји издвоиле средства за хуманитарна помош, а Колумбија се обврзала дека ќе ја собере и ќе ја чува таа помош.
„Само тоа го направивме, ништо повеќе. Нашата обврска беше да им ја врачиме помошта на оние што можеа да влезат на територијата на Венецуела. Најголемиот дел од таа хуманитарна помош сè уште е во Колумбија“, посочи тој.
Покрај тоа, министерот нагласи дека ако ситуацијата во Венецуела стане катастрофална, бројот на венецуелски бегалци во Колумбија би можел да достигне 3,5 милиони.
„Колумбија досега прими 1,3 милион Венецуелци. Овој број има тенденција да се зголеми бидејќи ситуацијата во Венецуела секојдневно се влошува. Според актуелното сценарио, ако ситуацијата во Венецуела се влоши, тој број би можел да достигне до 1,8 милион, и тоа само во Колумбија. Ако во Венецуела дојде до катастрофа, во Колумбија ќе стигнат 3,5 милиони Венецуелци“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.